Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, синоќа проценил дека е реално дека дневниот број на новозаболени од Ковид-19 да достигне до 3.000 лица.
-Сметам дека е реално бројот да достигне 3.000 во следните неколку дена, но потоа, според мојата проценка и проценката на математичарите, мислам дека нема да продолжи да расте“, изјави синоќа Цапак за телевизијата РТЛ.
Тој рече дека новите мерки штотуку стапија на сила, така што нови нема да бидат воведени се додека не се видат нивните ефекти, пренесува Хина.