БДП во еврозоната се зголеми за 12,7 отсто во јули-септември, соопшти Евростат, и тоа е многу посилен показател од предвидувањата од 9,4 отсто, откако утрово излегоа податоците за Франција, Шпанија, Германија и Италија, кои исто така покажуваат дека има поголем раст од очекуваниот.
Ова е најголем раст во историјата на монетарната унија од најтешката рецесија поради наметнување на рестриктивни мерки против ширењето на коронавирусот.
Економијата на Еврозоната се намали за 11,8 проценти во април-јуни и 3,7 проценти во јануари-март кога пандемијата ја погоди Европа. Во Европската унија е забележан раст од 12,1 отсто во третиот квартал по падот од 11,4 отсто на почетокот на оваа година.