Вкупно 528 санкции се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР.
Од МВР денеска информираа дека за возење без возачка дозвола казнети се 56 лица, изречени се 56 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест се санкционирани мотоциклисти, додека 85 санкции за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење.
– Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 83 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР