Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Грција. Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.
Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција и во Атина.