Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам на Фејсбук објави фотографија од резултатот од тестот за коронавирус кој го направил, на кој може да се види дека е негативен.
Габриел по смртта на неговиот татко рече дека Амди Бајрам бил негативен два дена пред да почине и бил на дијализа.
Бајрам почина на 64. години во болницата „Филип Втори“, а МЗ информираше и дека бил позитивен на вирусот Ковид 19, а епидемиолозите најавија дека ќе ги бараат неговите контакти и дека имат проблем со нивното наоѓање.