Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) бара финансиската поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември, декември 2020 година, да важи за сите компании без разлика дали го задржале или го намалиле бројот на вработени во период пред денот на донесување на овој закон.
-Сметаме дека во изминатиот период од почетокот на кризата туризмот е 100 проценти погоден и како таков не беше во можност да го контролира и услови останувањето на бројот на вработени во компаниите посебно ако се знае дека во месеците после јуни 2020 година изостана поддршката во плати од страна на државата. Законот во ваква форма во најголем дел ќе ги погоди компаниите кои повеќе од 20 години вложуваат во раст и развој на туризмот како столб во Туристичката индустрија, велат од СКТМ. Знаејќи дека буџетот за овој закон е проектиран во голема мерка да ги задоволи овие потреби, додаваат, бараме да се измени овој услов и да се овозможи достапност на сите компании од Туризмот до неа без оглед на состојба во број на вработени како би можеле да опстанат. -Во спротивно финансиските средства нема да може да се искористат наменски и корисно со што мерката предвидена за помош на компаниите ќе биде беспредметна. Апелираме до Министертсвото за економија во иднина доследно да ги спроведува барањата на приватниот сектор за кој навреме и темелно сме ги информирале, посочуваат од СКТМ.