Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи на 26 лица, а над 800 се повредени.
Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во Измир, третиот по големина град во Турција, која беше најпогоден од земјотресот, пренесува агенцијата АП.
По првиот, најсилен земјотрес од седум степени, следеле околу сто помали помали, од кои најмалку 16 биле посилни од четири степени, а областа ја зафати и мало цунами.
Во Измир загинале најмалку 24 лица, соопшти турската служба за вонредни ситуации (АФАД).
На Самос, загинале двајца тинејџери кога се срушил ѕид врз нив, а дваесетина лица биле повредени. Двајца од повредените, меѓу кои и 14-годишно момче, се пренесени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштија локалните власти.