Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем на работа поради пандемијата со Ковид-19.
„ Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце, каде сумата ќе биде по ваша желба, да донирате…“ напиша Гогов на Фејсбук.
По кратко време, директорот на струмичката болница го избриша статусот на Фејсбук.