Дали има дисктинција кога станува збор за изолација на политичарите и граѓаните. Кој се треба да оди две недели во изолација. Во едно училиште при заразена наставничка целото одделение е во изолација, а кога станува збор за пратениците тоа не се применува. Спoред директорот на Јавно здравје Акекандар Стојанов, епидемиолог преку епидемиолошка анкета одлучува кој оди во изолација.
„И тука се оценува ризикот. Ако децата носеле маски, ако не носеле маски децата. Дали контактот бил поблизок. И са секоја сигурност ги пуштаме цело одделение. Нема да изгубат нешто многу ако останат две недели во изолација“, вели Стојанов.
Стојанов додава дека имаат простор да ги изигруваат протоколите но воглавно ги почитуваат мерките за заштита.
„Во собрание се почитуваат детално мерките, сите се со растојание сите се со маски, немаат такви блиски контакти, нема симнување на маски ќе пиеме кафе или пауза. Макар да секогаш постои моменти за да се изиграат тие протоколи. Тогаш е страшно. Но ако дојде епидемиологот до сознание дека се е почитувано тогаш нема потреба од изолација“, рече Стојанов…
Преземено од ТВ21