Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на Општина Аеродром изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22, 15 за неисправни и нерегистрирани возила и 32 санкции за неносење на заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР.