Дваесет и четиригодишен жител на Делчево утрово е уапсен од полицијата по пријава од сограѓанин дека силувал негова роднина.
„ На 31.10.2020 во 06.45 часот полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево со закана пријавениот извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопшти МВР.