Реал Мадрид попладнево ја совлада Хуеска со 4:1 во рамките на 8. коло од Шпанското фудбалско првенство.
Напаѓачот на Реал, Еден Азар го отвори резултатот. За Белгиецот овој погодок беше прв по 392 дена. Последен пат тоа се случи на натпреварот против Гранада (4:2) на 5 октомври 2019 година. Во 2020 година, тој претходно нема постигнато погодок ниту за клуб, ниту за репрезентација.
Реал по седум одиграни средби има 16 бода и е прв на табелата, Хуеска има само пет бода од осум средби и се наоѓа во зоната на испаѓање (18. место).