Мафијата на власт на чело со Заев во услови кога во Македонија 500.000 лица живеат во сиромаштија ја поскапи струјата за 7,5 %. Патем Македонија е единствената земја во регионот и пошироко која во криза го поскапува овој енергенс, за да го покрие недомаќинското работење на енергетските компании. Тоа ја покажува нивната негрижа и целосна одлепеност од реалноста. Преку регулаторната комисија, чиј прв човек е продолжена маша на Заев, донесоа одлука која е штетна за стандардот на народот.
Тоа што СДСМ се најде повикано да одговара во име на институциите на државата, кон кои беше упатен предлогот покажува дека регулаторната комисија наместо независно тело е претворено во партиско тело на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ покрена иницијатива до Уставниот Суд, темелена на европски искуства и воведена практика во повеќе земји од Европа, а во насока на помош и заштита на стандардот на граѓаните за оневозможување исклучување од струја каде најпогодени се социјално ранливите категории на граѓани. Фактот што СДСМ се противи на ваквата иницијатива говори дека на мафијата на власт не и е гајле што народот осиромашува и му се исклучува струјата во итна постапка во услови на корона криза.