Поради зголемениот број заразени, посебно оние на кои им е неопходно болничко лекување, албанското Министертво за здравство и социјална заштита, информираше дека е отворена трета ковид болница.
Првите пациенти со Ковид-19 се примени синоќа, откако целосно се пополнети капацитетите на двете ковид болници, Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи”.
-По пополнувањето на капацитетите во двете ковид болници, ја отворивме болницата „Ковид-3″, која е во просториите на поранешното хирушко одделение во унивезитетската клиника „Мајка Тереза”. Располага со 150 болнички кревети, целата потребна опрема и стандарди за третман на пациенти со Ковид-19. За болните се грижи квалификуван и искусен тим на лекари и друг здравствен кадар, информираше Министерството.
Ги уверува албанските граѓани дека никогаш не ја запрело и нема да ја запре работата, со цел на сите што имаат потреба да им ја понуди најдобрата можна медицинска услуга.
-Како и секогаш ве замолуваме: Ајде сите да се потрудиме да избегнеме ширење на инфекцијата, почитувајќи ги мерките, стои на крајот од соопштенето на Министерство.
Вчера беше регистриран нов негативен рекорд од 319 новозаразени или 21 отсто од тестираните, како и најголем број на хоспитализирани или 301лице.