Во натпреварот од шестото коло во Серија А, Интер во последните моменти од средбата успеа да доје до бод против Парма играјќи 2:2. „Нерозѕурите“ на овој натпревар играа без својот најдобар стрелец Ромелу Лукаку и тоа се почувствува во играта.
Неговото место во нападот го зазеде Иван Перишиќ кој постигна гол, но се чувствуваше отсуството на Лукаку.
Домашните фудбалери доминираа во првото полувреме, имаа 62% од поседот на топката, шест пати шутираа кон голот на Парма, но немаше играч како Лукаку да постигне гол. Од друга страна, фудбалерите на Парма се одлучија да се бранат и првиот шут кон голот на Интер го упатија на стартот од второто полувреме кога и Жервињо го совлада голманот на Интер, Хандановиќ.
Истиот фудбалер во 62. минута ја зголемува предноста на Парма на 0:2. Интер само две минути подоцна преку Брозовиќ намали на 1:2, а Иван Перишиќ со голот во 92. минута го спаси Интер од пораз.
Аталанта благодарение на головите на Луис Муриел го совлада Кротоне со 1:2 и се искачи на второто место на табелата со 12 бода, еден помалку од лидерот Милан.