Да успеваа економските мерки кои ги носи и спроведува оваа Влада на СДСМ, граѓаните ќе живееја подобро, ама затоа ефектот од нивните политики не доведе во дупка од над милијарда евра само оваа година.
„Економската година на растот“ која ја ветуваше Заев ниту дојде, ниту пак овој ребаланс има изгледи дека ќе обезбеди економска сигурност. Се бројат само непродуктивните трошења на сметка на некакви економски бројни пакети од кои ефектот се само компании и граѓани доведени до питачки стап.
Дека СДСМ и нивната Влада се неспособни во водење на економија зборува дефицитот во Буџетот кој сега со овој ребаланс ќе се зголеми за рекордни 8,4%, највисок од 1994 година.
Додека европските земји работат на зголемување на буџетите за здравство во ек на пандемија, Владата не смета дека тоа е приоритет, па СДСМ ги остави здравствените работници без никаква награда за нивниот ценет труд. Додека регионот брза во спроведување на капитални проекти и инвестиции за да го забрза растот, Владата на СДСМ дополнително ќе се задолжува затоа што не пресметала дека буџетските приходи ќе бидат паднати за повеќе од 12% .
Со едномесечните паушали, картички и викенди за ДДВ кои се најнеуспешните политики на оваа Влада, добри само за поткуп на гласачи, СДСМ ќе ја укочи државата и ќе доживееме невидено фијаско.
СДСМ со овој ребаланс не стимулира капитални инвестиции, мерките нема да стимулираат економски раст и тоа ќе резултира со зголемување на сиромаштијата, продлабочување на неефективното трошење народни пари, рецесијата ќе се зголемува, а со тоа Заев ќе ја направи Македонија да биде се повеќе сиромашна и банкротирана држава.
Јасно е дека проекциите на Владата со ребалансот се нереални, СДСМ нема слух за ефикасни мерки и ќе продолжи со својата неспособност да ги докусури сиромашните граѓаните.