Го осудуваме нападот врз православниот свештеник со грчко потекло во близина на црквата Благовештение во Лион, Франција, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција , јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР додаваат дека се во континуиран контакт со надлежните француски власти.
Денеска во Лион беше застрелан православен грчки свештеник. Починителот на делото моментално е во бегство,.
Настанот се случи во 16 часот, кога свештеникот ја затворал грчката православна црква на Благовештение, во 7-миот арондисман во Лион.
Свештеникот е во сериозна здравствена состојба, со животно-загрозувачки повреди.