Откако ВМРО-ДПМНЕ излегоа со обвинување дека фирма блиска до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, добила тендери од Општина Штип само еден ден после назначувањето на Бочварски за министер, министерот Бочварски на Фејсбук објави демант во кој се вели дека ниту фирмaтa коja ја посочува ВМРО-ДПМНЕ аплицирала некогаш за добивање на тендер, ниту пак добила тендер од Општина Штип.
„Најостро демантирам, ниту фирмата аплицирала некогаш на тендер на Општина Штип, ниту добила тендер од Општина Штип, откако станав градоначалник.
Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата.
СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас.
Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во “белата палата”, а во меѓувреме од Арсовски барам да се извини во спротивно ќе ги употребам сите правни механизми вклучувајќи и тужба за клевета.“, објави министерот Благој Бочварски, на Фејсбук.