Во Словенија, денеска се потврдени 1.342 нови случаи на заразени со коронавирус, по направени 4.807 тестови, а 25 лица починаа, објави словенечката Влада.
Со тоа, вкупниот број на потврдени инфекции се зголеми на 35.649 од почетокот на епидемијата, од кои 22.501 случаи се активни, а заќестеноста во пораст, така што има 1074 случаи на инфекција на 100.000 жители, или 30 повеќе од претходниот ден.
Бројот на хоспитализирани се зголеми на 821 пациент, наспроти 779 од претходниот ден, а бројот на лица на интензивна нега се зголеми од 122 на 131, пренесува агенцијата Хина.
Според Министерството за здравство, 357 лица починале како резултат на Ковид-19.
Од починатите, 70 проценти се жители на домови за стари лица, каде состојбата е многу тешка во сегашниот, втор бран на епидемијата