Скопјани вчера и денеска максимално го искористија убавото време и ги посетија градскиот парк, Водно и другите излетнички места во близина на градот.
Граѓаните во најголем дел се придржуваат на мерките и носат маски и во парк, а некому не му пречат и во возењето велосипед или брзото одење. Поради големиот број на луѓе, сепак, маската е најдобро решение оти на печашките патеки се создаваат гужви. Да се надеваме дека времето и наредните викенди ќе овозможи скопјани да подишат чист воздух, па макар и преку маски.