Бројот на загинатите од земјотресот во западна Турција се искачи на 42 лица, соопшти Републичката агенција за вонредни состојби и природни катастрофи, пренесува ТАСС.
Претходно без пријавени 39 мртви и 885 повредени.
„Спасувачките екипи во Измир работат на урнатини на девет уништени згради”, се додава во соопштението.
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе во петокот западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир. Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9. Најмалку 20 згради се урнаа во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.
Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.