(Видео) Најмалку 50.000 луѓе на протестите во Бангладеш против Франција

Најмалку 50.000 луѓе, според проценките на полицијата, демонстрирале против Франција во главниот град на Бангладеш, Дака, повикувајќи на бојкот на француските производи и обвинувајќи го Париз за поддршка на карикатурите на пророкот Мухамед, по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за слободата на изразување.

Демонстрантите извикувале пароли како „бојкот на француски производи“ и „Не клеветете го пророкот Мухамед“, повторно палејќи кукла која го претставува францускиот претседател.

https://twitter.com/disclosetv/status/1323188389861036032

Маршот, во кој учествуваат десетици илјади исламисти, е само продолжение на слични акции што се одржаа во Бангладеш минатата недела. Францускиот претседател тогаш беше наречен „сатанист“, а демонстрантите ги запалија неговите фотографии. Слични протести имаше и во Пакистан.

Бесот на исламскиот свет започна со карикатура на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, инаку познат по провокативни цртежи, но и поради одбраната на Макрон на францускиот весник и слободата на изразување.

Треба да знаете
Последни објави