Пејачката Јелена Томашевиќ го прослави својот 37-ми роденден во семејната куќа.
Јелена го дочека роденденското утро во дворот на семејната куќа, изолирана од градската врева и која е оаза на мирот и за неа и за нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ и ќерката Нина.
– Моето прво утринско роденденско кафе. Ви благодарам на сите за прекрасните желби – напиша Јелена со фотографија на која покажа како ужива, но и како изгледа двор од нивната куќа.
Веднаш следеа бројни честитки, а меѓу првите коментираше сопругот на пејачката Иван.
– Среќен роденден душо! – напишал актерот.
Пред извесно време, пејачката раскажа колку им се допаѓа тоа што се преселиле од градската гужва и станот во кој живееле, во куќа во помирен дел од градот…
Преземено од Вистина.мк