Напаѓачот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид, Лука Јовиќ, би можел да биде позајмен играч на Лестер, објави „Мирор”.
Според британскиот весник, 22-годишниот Србин може да оди на зима во Лестер со шестмесечен закуп.
Јовиќ оваа сезона одигра само три натпревари. Тој во Реал беше донесен како голема надеж, но не успеа да ја стекне довербата на тренерот Зинедин Зидан и поради малата минутажа се поизвесно е дека ќе оди во друг клуб.