Враќањето во училишните клупи по првиот есенски распуст за француските ученици не е како досегашните. Повеќе од две недели по нападот врз професосорот по историја, Самуел Пати, учениците ќе му оддадат денеска почит со едноминутно молчење.
Враќањето во училиштеж исто така, ќе биде различно од здравствена гледна точка, бидејќи целата земја е повторно во карантин. Во овој контекст, претседателот Емануел Макрон им се обрати директно на социјалните мрежи Снепчет и Инстаграм, јави дописникот на МИА.
– На сите што се враќате на училиште овие последните петнаесет дена беа тежок удар за сите нас. Денеска на час ќе му оддадете почит на Самуел Пати. Ние мислиме на него, вие и вашите наставници. Сите сме шокирани од она што се случи. Зборувајте за тоа меѓу себе. Зборувајте за тоа со вашите наставници, изјави Макрон.
Тој ги повика учениците „да разговараат за она што ги спојува”, наведувајќи оти „да се биде Французин не е само да се живее во Франција, туку тоа има се права и должности, целосно да се живее нашето мото: слобода, еднаквост, братство!”.
– Деновите што ги живееме се тешки, затоа сакам да ги запомните овие неколку зборови. Вие сте Франција. Да се биде Французин, во училиште на Република, значи да се научи да се биде слободен, да се развивате, да се издигнувате преку знаење. Затоа, живејте го целосно ова време на учење. Тоа ја подготвува вашата иднина. Нашата иднина тоа сте виепосочи Макрон.