Диего Марадона вечерва бил хоспатилизиран во болница во Ла Плата, а засега нема конкретни информации за здравствените проблеми со кои се соочува.
Поранешниот аргентински фудбалер деновиве беше во центарот на вниманието бидејќи го прослави 60. роденден, но денеска завршил во болница.
Медиумите од неговата земја велат дека Марадона не е заразен со коронавирусот, но очигледно има сериозни проблеми, бидејќи бил задржан на испитувања во клиниката.