Општина Аеродром денеска објави јавен повик до здруженијата на граѓани и фондациите во Македонија, а особено до оние што имаат седиште и дејствуваат на територијата на општината, за изразување интерес за соработка со цел остварување на јавните потреби и јавниот интерес. Дел од проектните цели за потенцијална соработка се промовирање на европските вредности во процесот на пристапување кон Европската Унија, унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност, унапредување на родовата еднаквост во сите области од општественото живеење, зголемување на јавната свест на населението од областа на животната средина, младински локални политики во функција на интегрирањето со европското законодавство, градење мултикултурно, унитарно и толерантно општество за сите.
Јавниот повик ќе трае 10 дена, заклучно со 10 ноември 2020 година.
Повеќе информации можат да се добијат на веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/4552.