Околу 4.000 пензионери протестираа денеска во главниот град на Белорусија, Минск, барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко и ослободување на лицата уапсени за време на протестите, за кои сметаат дека се политички затвореници.
Во маршот на пензионерите се придружија и медицински лица.
Повеќе од 15.000 лица се уапсени од почетокот на протестите по претседателските избори на 9 август, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат. Активисти за човекови права велат дека најмалку околу 100 уапсени треба да се сметаат за политички затвореници.
Демонстрантите тврдат дека резултатите од претседателските избори биле фалсификувани.