„Ние имавме неколку задачи и тие мислам прилично добро како цели ги исполнивме, а тие задачи се следниве: да се зајакне системот во смисла на епидемиолошка проценка, тестирање, итн, понатаму друга задача е сите мерки да бидат донесени навремено, да се темелат на препорачаните принципи и третата задача беше сериозно да го зајакнеме здравствениот систем.
Ние тоа во континуитет го правиме и истовремено апелираме до сите други надлежни институции да го спроведуваат санкционирањето, контролата на спроведувањето на мерките“, посочи Филипче на вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија .
Од друга страна пак Филипче истакна дека опозицијата се однесува како да нема пандемија, како да живеат на некоја друга планета.
„Во сите околни земји, во регионот, во Европа има огромен број на новозаразени и починати.
Според опозицијата секоја влада и секој министер во светот треба да поднесе оставка заради тоа што насекаде се зголемува бројот на случаи.
Опозицијата кажуваше есенски бран е многу тешко да се замисли да има, даваше изјави дека маските биле штетни, итн.
Немаме конструктивен предлог од опозицијата, ништо паметно не слушнав освен обвинувања“, потенцираше Филипче.