Фулам ја запиша првата победа сезонава во Премиерлигата, откако вечерва славеше на домашен терен против ВБА со 2-0.
Лондонскиот премиерлигаш дојде во водство во 26 минута преку Боби Рејд, а само четири минути подоцна екс играчот на Челси, Ола Аина, со прекрасен гол од дистанца ги постави конечните 2-0.
Двоен асистент во триумфот на Фулам беше српскиот репрезентативец Александар Митровиќ.
ВБА со Славен Билиќ на клупата се уште е без триумф во новата сезона, а следното коло го чека пресметка против Тотенхем.