Владата на Холандија не гледа никаква пречка и дава зелено светло за одржување на првата меѓувладина седница со Северна Македонија, јави „Ора њуз” телевизија.
Според телевизијата, холандската Влада предлага преговорите со Тирана, пак, да бидат официјализирани во некое друго време.
-Владата на Холандија ја официјализираше својата одлука против свикувањето на првата меѓувладина седница меѓу Албанија и Европската Унија. Владата го потврдува официјалниот почеток на преговорите, но според Холандија, Албанија се уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет. Формирањето на Уставниот суд, Врховниот суд и борбата против корупцијата и организираниот криминал за Холанѓаните остануваат услови што албанската Влада не ги исполнила, наведува „Ора њуз”.
Одлуката на холанската влада е доставена до парламентот за да се донесе конечната одлука.