АТП го казни Ѓоковиќ парично за откажан настап на турнирот во Париз

АТП го казни парично најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поради неисполнети обврски од 2019 година кон турнирите, каде што настапувал. Првиот светски тениски рекет според АТП-ранкингот неочекувано беше елиминирана во четвртфиналето на турнирот во Виена, но успеа да обезбеди доволен број бодови, кои му овозможуваат до крајот на 2020 година да биде сигурен на првата позиција на АТП-листата.

Српските медиуми по одлука на АТП да го казни Ѓоковиќ се остри во критиките и сметаат дека оваа хајка кон најдобриот тенисер нема да застане само на паричната казна. Тие сметаат дека АТП планира да му одземе и бодови на Ѓоковиќ и да му го расипе планот на Србинот во неговиот поход кон рекордот на Роџер Федерер со најмногу години завршени на првата позиција.

Ѓоковиќ не настапи на Мастерсот во Париз, зашто поради промена на начинот на бодување не мораше да брани максимален број на поени, кои ги освои минатата година во Франција, па поради тоа и заработи казна.

 

Треба да знаете
Последни објави