Македонската машка ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за двата квалификациски дуели од групата 7 за настап на ЕП-2022, што треба да ги одигра на 4 ноември со Финска во Скопје и три дена подоцна на гости со Швајцарија. Пред стартот на овој собир македонскиот селектор Данило Брестовац се соочи со проблеми поради коронаввирусот. Отпаднаа неговите соработници Александар Царчев и Никола Матлиевски. По добиените тестови за коронавирусот пред стартот на подготовките позитивен е и еден од ракометарите чие име не се соопштува.
На Брестовац за овие два натпреаври ќе му асистираат Радослав Стојановиќ и Ице Соколески, а засега е неизвесно дали ќе биде повикан и некој ракометар од домашната сцена.
Македонија во квалификациите за ЕП2022 кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија, покрај Финска и Швајцарија ќе игра и со фаворитот Данска. Првите две селекции од од осумте квалифиакциски групи обезбедуваат пласмнан на ЕП, а шанса да се најдат на завршницата имаат и најдобрите четири третопласирани од сите осум квалифиакциски групи.