Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„Владата предводена од Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче наместо пари за здравствените работници фрлаат трошки.
Владата на СДСМ креира нов долг кој што ќе го плаќаат граѓаните, а со тие пари нема награда за здравствените работници, нема пари за подобрување на условите во образованието во услови на корона криза, нема пари за наставниот кадар, нема пари за бесплатен интернет, нема пари за помошта при невработеност, како и пари за други таргетирани субвенции.
Наместо власта предводена од Заев да направи план и стратегија за справување со корона кризата,граѓаните останаа препуштени сами на себе.
Најдобрата мерка за целата ситуација со КОВИД-19 е многу едноставна, оставка на Филипче и на првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски.