Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф верува дека Луис Хамилтон ќе остане во тимот и следната година, и покрај контроверзните изјави.
Британецот по вчерашната победа на Имола рече дека не е сигурен дали ќе останам во Ф1 следната година.
-Хамилтон и да одлучи да ја напушти Формула 1, мислам дека тоа нема да се случи, и се надевам дека тоа нема да се случи. Тогаш ќе имаме лудило на трансфер пазарот. Мислам дека неговата изјава е дадена под емоции. Сите сме среќни, но многу уморни. Во ред е да ги имате овие чувства. Но, ние сакаме да продолжиме. Не сме готови. Во одреден момент, ќе се реши судбината на индивидуалната титула, па можеме да седнеме и да разговараме за договорот. Останаа уште неколку месеци пред првата трка следната година во Австралија, истакна Волф.
Хамилтон вчера ја забележа 93.победа во кариерата и ја потврди доминацијата во Ф1 шампионатот.