Во криза се буди и препознава солидарноста и навистина ми е драго што можеме гласно да кажеме дека во нашето општество имаме општествено одговорни граѓани и компании, кои се спремни да помогнат во најтешките времиња, напиша премиерот Зоран Заев во објава на својот фејсбук профил.
Тој изрази благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат постојана поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со КОВИД-19.
Истовремено го сподели линкот преку кој може да се пристапи до веб страницата на Министерството за здравство каде се достапни сметката за донации и листата на донатори.(http://zdravstvo.gov.mk/poddrshka-za-spravuvanje-so-korona…/
-Листата на донатори која е јавно објавена веб-страницата на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството и имаат потпишано договор за донација, односно имаат веќе донирано добра или средства. Во таа насока би сакал да издвојам особена благодарност до АД Гранит од Скопје, кои покажаа дека приоритет е јавното здравје и донираа 10.000 Ag Rapid тестови за КОВИД-19 на Министерството за здравство. Во криза се буди и препознава солидарноста, и навистина ми е драго што можеме гласно да кажеме дека во нашето општество имаме општествено одговорни граѓани и компании, кои се спремни да помогнат во најтешките времиња, наведе Заев во објава на Фејсбук.