Како што пренесуваат италијанските медиуми и легендата на италјанскиот фудбал, поранешен капитен на калчолигаш Рома и на репрезентација на „азурите“, Франческо Тоти е позитивен на коронавирусот.
По Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо позитивен тест на коронавирус добил и поранешниот легендарен играч на „волчицата“ Тоти. Неговиот татко Енцо почина како последица од коронавирусот на 12 октомври, а сега семејството на славниот фудбалер е позитивно на вирусот.
Заразена е и неговата сопруга Илари Блази, а медиумите откриваат дека Тоти во моментов од симптоми има само покачена температура.