Легендарниот музичар (69) излегол од автомобилот користејќи бастун и неговите помошници му помогнале да седне во инвалидска количка. Имено, Колинс неодамна бил подложен на операција на ‘рбетот што му го отежнува стоењето.
Членовите на „Џенезис“ влегоа во студио пред нивната прва турнеја по 14 години. Фил ја најави својата повратна турнеја уште во октомври 2016 година, откако се повлече од музичката пензија. Музичката икона планирал да го започне своето враќање со пет концерти во лондонскиот Ројал Алберт Хол за кои билетите се распродадоа за само 15 секунди. Но, откако паднал во бањата во неговиот дом и бил сериозно повреден, тој бил принуден да ги откаже плановите.
Но, Колинс во моментов има повеќе работи на ум освен музиката, бидејќи повторно проживува вистинска драма со својата поранешна сопруга Оријана Севи (46). Имено, под изговор дека заминува на службено патување, таа во август тајно се омажила за својот љубовник Томас Бејтс (30), по што двајцата се преселиле во вилата во Мајами, што таа ја купила заедно со Колинс.
Во меѓувреме, Оријана го обвини Фил дека ја шпионирал и дека поставил камери низ куќата за да може да ја следи.
Фил и Оријана имаат два сина, Никола (19) и Метју (15), а музичарот од претходните врски има уште три деца, Симон, Лили и посвоената Џyоли.