Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски ќе добие нов догвор од англискиот премиерлигаш Лидс. Актуелниот договор на Алиоски со Лидс истекува на крајот од оваа сезона. Кевин Филипс за „Фудбал Инсајдер“ објаснува зошто Лидс ќе сака да го задржи Алиоски во своите редови.
-Од она што го знам, неговиот однос е многу добар и секој клуб има потреба од таков играч. Тој е фудбалер кој може да направи разлика и има брилијантна работна етика. Кога ќе влезе од клупата може да го промени натпреварот, ако стартува може да покаже дел од својата магија. Никогаш не се жали на одлуките на тренерот, секој состав има потреба од таков фудбалер. Тој е играч кој Лидс би сакале да го задржат. Ќе му понудат нов договор, вели Филипс.