Македонски телеком со раст во интернет и ТВ сегментот, позитивен тренд на ИКТ услугите

Македонски телеком соопшти дека во првите девет месеци од годинава бележи добри резултати во работењето и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата на Ковид-19.

Според финансиските податоци, компанијата бележи раст на бројот на корисници во делот на интернетот и телевизијата, а позитивен тренд има и во делот на ИКТ сегментот.

– Базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет е зголемена за 4,7 отсто, при што вкупниот број изнесува 209,8 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер на пазарот во ТВ сегментот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со зголемувањето на бројот на овие корисници за 5 отсто, во првите девет месеци од 2020 година Македoнски Телеком ја зацврстува својата водечка позицијасо база од над 140 илјадикорисници. Како резултат на овој раст се бележи зголемување на приходите oдинтернет сегментот за 1,9 отсто и одТВ сегментот за 7,1 отсто, се наведува во соопштението.

Приходите во првите девет месеци од годинава, како што се посочува, се стабилни, за 0,1 отсто помалку во споредба со претходната година и изнесуваат 7,927 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 5,2 отсто,во споредба со истиот период претходната година.

Треба да знаете
Последни објави