Матица? Бијонсе чува околу 80.000 пчели на својот имот

Бијонсе откри дека на својот имот има големи пчеларници кои ги користи за да направи стотици тегли мед годишно.

„Имам два пчеларника. Веќе некое време ги имам кај мене дома,“ рече 39-годишната пејачка.

„Имам приближно 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Почнав да се занимавам со ова затоа што моите ќерки, Блу и Руми, имаат страшни алергии, а медот има безброј лековити својства.“

Пчеларството не е единствен деловен потфат на ѕвездата, која има три деца со сопругот Џеј Зи, бидејќи таа исто така има целосна сопственост над својата музика, филмовите и својата линија за спортска облека „Ајви Парк“.

Треба да знаете
Последни објави