Бројот на жртви во тајфунот „Гони”, најсилниот кој оваа година ги погоди Филипините, се зголеми на 16, објави филипинската Агенција за справување со катастрофи.
Тајфунот донесе силни ветрови, дождови и поплави што однесоа најмалку десет животи во провинцијата Албај. Шест лица загинаа во Кантадуани. Три лица се водат како исчезнати во провинциите јужно од главниот остров Лузон.
Гони, 18-тиот тајфун што ги погоди Филипините оваа година, уништи скоро 80 проценти од куќите во неколку градови во Кантадуанес, а покраината во која живеат околу 275 000 луѓе е практично „отсечена”.
Повеќе од 300 куќи се уништени под карпи и магма од вулканот Мајон.
Гони е најсилниот тајфун што се појави во светот оваа година.