Преговарачите на Европската унија и Велика Британија денеска во Брисел продолжуваат со разговорите за конечниот трговски договор за Брегзит, соопштија извори од двете страни.
Според некое светки агенции, се водат и интензивни тајни разговори во обид да се постигне конечен трговски договор до крајот на преодниот рок кој истекува на крајот од годинава кога Велика Британија конечно ќе излезе од ЕУ.
Доколку двете страни ги надминат разликите, новиот договор ќе биде сеопфатен, од трговија и енергија до транспорт и риболов.
Од друга страна, ако преговорите не успеат, билатералната трговија со стоки и услуги во вредност од 900 милијарди долари ќе биде сериозно оштетена од новите царини и квоти.
Првите резултати од овие преговори се очекуваат во среда или четврток