Панел-дискусија „Наставниците клучни за подигање на свеста за медиумската писменост”

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска организира панел-дискусијата на тема „Наставниците клучни за подигање на свеста за  медиумската писменост”.

На панел-дискусијата, организаторите со свои излагања ги најавуваат: Љупка Боцевскапрофесоркa по мајчин јазик во СУГС Гимназија „Орце Николов”; Снежана Станкова, професоркa по мајчин јазик во СУГС Гимназија „Никола Карев”; Георгина Димова, наставничка по информатика во ООУ „Страшо Пинџур” од Неготино и Стефан Јањиќ, комуниколог од Новосадската новинарска школа, Србија, автор на „Прирачник за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост”.

Настанот е дел од проектот „Медиуми за граѓаните – Граѓани за медиумите” што е поддржан од Европската Унија. 

Треба да знаете
Последни објави