Војводата од Кембриџ го откри рецептот за класично италијанско јадење што го користел за да ја импресионира Кејт Мидлтон додека биле на универзитет.
Тој сподели рецепт за неговиот домашен сос болоњезе за нова добротворна книга за готвење.
Принцот Вилијам (38) го откри својот талент за класичното италијанско јадење во A Taste Of Home, книга за готвење која содржи 120 рецепти од врвни готвачи и познати личности во Велика Британија, по повод 40-годишнината од добротворната организација за бездомници The Passage.
Минатата година војвотката од Кембриџ призна дека сосот болоњезе бил еден од специјалитетите на Вилијам и дека се обидел да ја привлече со неговите кулинарски вештини додека биле на Универзитетот „Сент Ендрус“ во Шкотска.