Ракометната федерација на Македонија (РФМ) откри шест имиња на ракометари и членови на стручниот штаб на репрезентацијата кои добија позитивни тестови на коронавирусот.
Се работи за Александар Царчев (тренер на голмани), Никола Матлиески (помошник тренер), Радослав Стојановиќ (помошник тренер) и играчите Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.