Цела Европа во борба со коронавирусот, губитникот Мицкоски зборува за оставки и дејствува опасно по јавното здравје

Додека здравствените инситуции, стручната јавност, граѓаните водат беспоштедна борба против коронавирусот, Христијан Мицкоски си ја гледа само фотелјата во белиот дворец.
Додека цела Европа, исто како и нашата земја е под сериозна закана од КОВИД 19 Мицкоски зборува за оставки, зборува за некакви нови паралелни комисии за заразни болести и се однесува опасно по јавното здравје.
Зборува за мерки и задолженија кои тој прв ги прекршува, зборува за инвестиции во здравството а токму негов кадар во преодната Влада кочеше 33 милиони евра пари за опремување на здравствени установи. Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ  сега ќе имавме 16 опремени ковид болници.
Мицкоски е наводно загрижен за здравјето, а членот на неговиот Извршен Комитет Вело Марковски јавно зборува дека вирусот не е опасен и внесува заблуди во јавноста.
Ете тоа е Мицкоски, неодговорен, незрел и нечесен политичар опасен по јавното здравје на граѓаните и затоа нека не се чуди зошто е таму каде што е, осамен и изолиран во длабока опозиција каде уште долго ќе остане.

 

Треба да знаете
Последни објави