Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 257 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 29 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 санкции за управување под дејство на алкохол и 34 за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.