Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, на телевизија Стар ги охрабри граѓаните да веруваат во исправните економски политики на владата и да не се грижат за јавниот долг ако тој достигнал 60 отсто од БДП.
„Граѓаните да знаат, кога се справувате со криза мора да ги интересира секој денар. Јас сум еден од тие што се бори на најтранспарентен начин да се прикажува трошењето на парите. Јас имам кажано, не е проблемот во прагот на јавниот долг, дали е 60 отсто од БДП, во овој момент кога ние во суштина гледаме дека дури ни една милијарда не ни е доволно, но креираме мерки за полесно пребродување – велиме дека тоа е исправно и велиме дека јавниот долг не треба да ги засега, туку да веруваат во одлуките. Ние имавме голем пад на индустриското производство во април, мај. Опоравувањето започнало, може да има мал пад, но од јануари ќе закрепнуваме.“- уверуваше Битиќи на телевизиското интервју.
Јавниот долг ќе се анулира од следната година со помош на државата и на стопанството. Тој откри дека некои од задолжувањата се исплатени предвреме за да може да се заштеди одредена сума пари, одново искористена во економијата.
„Тоа ние мораме да го правиме, затоа имаме доверба од граѓаните, таа доверба значи да се консултираме и да го најдеме лекот, ние најдовме лек, и после неколку години ќе видите. И натаму проекциите на ММФ се дека ние најлесно ќе ја совладаме кризата и затоа сега не е време за политички поени и опструкции туку за солидарност и грижа.