На 01.11.2020 во 09.20 часот во Скопје на крстосница од улиците Наум Наумовски Борче и Аминта Трети, автомобил „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Џ.(30) од Гостивар, удрило во пешак Т.Х.(88) од Скопје.
По незгодата Т.Х., бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.